Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 229 мерки, меѓу кои за недавање првенство на минување на пешаци 75, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.
Изречени се и три санкции за зборување на мобилен телефон, две мерки за неносење на сигурносен појас…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.