Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 33 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 14 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР. 

By Author