Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 192 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за прекршоци што ги прават пешаците, осум мерки за возач почетник, четири санкции за возење под дејство на алкохол…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.
 

By Author