Полициски службеници од СВР Скопје во текот на вчерашниот ден (22.06.2023) во времето од 15.00 до 21.00 часот на подрачје на општина Гази Баба спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот, при што се санкционирани 157 возачи. Од нив, 42 за пречекорување на дозволената брзина на движење, 20 мерки се изречени за возење без возачка дозвола, затекнати се три нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.