Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, 24 санкции за управување под дејство на алкохоле, 22 мерки за непочитување на брзината на движење.
Изречени се две мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), десет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за возач почетник…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.