Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење без возачка дозвола шест санкции, 11 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за прекршоци што ги прават пешаците …
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.