Во текот на изминатата вечер (27.08.2023) во периодот од 00.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 18 возачи .Во Битола е санкциониран и возач од Прилеп кај кого се измерени 5.01 промили алкохол. За време на контролата биле санкционирани и 35 други видови прекршоци. Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот-соопштуваат од МВР.