Вчера (05.01.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот полициски службеници од СВР Охрид спроведоа акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Охрид, при што санкционирани се 27 возачи, од кои 15 на територија на Охрид, шест на територија на Дебар, пет на територија на Струга и еден на територија на Кичево.

Вчера (05.01.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Тетово, при што санкционирани се 16 возачи, од кои осум на територија на Тетово и осум на територија на Гостивар. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Вчера (05.01.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Битола, при што санкционирани се 11 возачи. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта-соопштуваат од МВР.

By Author