Руски научници пронајдоа супстанца во црвените алги што помага во борбата против ХИВ, објави Меѓународниот весник за молекуларни науки.

Супстанцијата е пронајдена во алги од типот Tichocarpus crinitus“, се вели во соопштението.

Истражувањата покажаа дека црвените алги содржат голема количина шеќер – карагенан (природен стабилизатор на храна Е407 кој е изолиран од морски црвени алги).

Оваа супстанца се комбинира со честички од вирусот на хумана имунодефициенција (состојба на човечкото тело во која имунолошкиот систем е ослабен во борбата против инфекцијата) и го спречува навлегувањето на патогенот во имуните клетки. Всушност, уништува дел од ХИВ, пренесува весникот „Карград“.

Во исто време, експертите објаснија дека супстанцијата нема токсични својства.

By Author