Руската армија најави дека ќе ја прекине офанзивата во сабота во десет часот по локално време, за жителите да можат да го напуштат опколениот град Мариупол на Азовското Море, јавува RT.
Деветти ден од војната во Украина. Утрото во Киев осамна со сирени, а украинските медиуми јавуваат за експлозии и воздушни напади во повеќе градови низ земјата.
Иако во два града е најавен „привремен прекин на огнот“, војната продолжува низ целата земја. Гранатирањето на градот Суми на истокот на земјата, кој моментално е опколен од руски војници, започна во саботата во 05 часот по локално време, јавува информативниот канал Украина-24.
Киев Индипендент објави дека во Харков се слушнале неколку експлозии. Жител кој се засолниl на железничката станица објави на Твитер дека ракетите го погодиле перонот во 03:00 часот по локално време во саботата.