Секој во куќата треба да има темјан кога има некакви здравствени проблеми

Толку мала и толку силна, оваа ароматична смола Темјанот е еден од најстарите мириси – тој е ароматична смола која се добива од дрвото Boswellia кое расте во делови од Азија и Африка. Со него се тргувало уште пред 5000 години на Арабискиот полуостров и во северна Африка каде што бил вреден колку злато.

Со нејзино согорување се развива исклучително силен и невообичаено пријатен мирис. Многу од лековитите својства на темјанот се генерално непознати за луѓето, речиси секој го има дома, но ретко ги користи неговите лековити својства.

Темјанот со години се користи за лекување на артритис, заздравување на рани, регулирање на женските хормони и заштита од патогени материи. На Блискиот Исток се користи за одржување на оралното здравје. Луѓето од овој регион џвакаат темјан смола и на тој начин го подобруваат здравјето на забите и непцата. Антимикробните својства на темјанот ги спречуваат инфекциите.

Темјанот ја ублажува болката предизвикана од артритис, без да предизвикува несакани ефекти. Ја подобрува циркулацијата, како и протокот на крв низ крвните садови оштетени од воспалителни процеси.

Научните истражувања потврдија дека екстрактот, темјан ацетат, ги намалува невролошките оштетувања и дека е ефикасен против депресија и напнатост, го намалува нивото на холестерол и спречува болести на крвните садови.

Темјанот се користи и за ослободување од стрес, напнатост, хистерија и депресија, купката со масло од темјан помага при менструални болки и воспаление на уринарниот тракт, а помага и при бронхитис, астма, синуси, чести настинки и алергии. Иако не е опасно за употреба, треба да го избегнуваат хипертоничарите, трудниците и доилките.

By Author