Омразениот тренд од 90-тите, лица со ултра тенки или речиси невидливи веѓи, со голем стил се врати на модната недела во Милано, каде што сестрите Хадид, Бела и Џиџи го покажаа на ревијата на Версаче.
Сестрите во петокот се прошетаа на ревијата на Версаче за есента 2022 година, а вниманието го украдоа нивните лица кои навидум ги изгубија веѓите.
Џиџи за овој настан облече црвено кадифено фустанче со соодветни чизми и ракавици од латекс, а изгледот го надополни со црвена чанта, пишува Кликс.
Бела, пак, имаше слична црвена комбинација како нејзината сестра, но имаше долги ракави.
Враќањето на трендот од овој период и непостоечките веѓи беше најавено минатата година кога го носеа ѕвезди како Мадона, Ким Кардашијан, Кети Пери.