Ананда на Хималаите е наградувана велнес дестинација во подножјето на Хималаите, оваа дестинација е опкружена со прекрасни врвови, и се наоѓа во „родното место“ на јогата, медитација и Ајурведата, за тие што не се запознаени Ајурведата е систем на традиционална медицина што потекнува од Индија, а се практикува и во други делови од светот како форма на алтернативна медицина.

Со поглед кон градот Ришикеш и долината Ганг во северна Индија, Анада е одморалиште посветено на враќање на рамнотежата и усогласување на енергијата преку холистички пристап кон благосостојбата. На ова место има комбинација на традиционални индиски велнес практики, како што се Ајурведа, јога и филозофија на Веданта, со најдобрите интерактивни велнес искуства и здрава, органска кујна, за создавање на смиреност на телото, умот и душата.

Најпознатите велнес-програми Ананда, како што се ајурведското подмладување, детоксикацијата, детоксикација по пат на јога, медитацијата во Дајана, контролата на телесната тежина и управувањето со стресот, се познати низ целиот свет. Сите програми се пропратени со лични велнес консултации и холистички пристап кон постигнување оптимални резултати во безбедна и гостопримлива атмосфера, предводена од тим на професионални ајурведски лекари, терапевти, нутриционисти, јоги и спа готвачи.

Просторниот спа-центар зафаќа над 2.500 квадратни метри и нуди дваесет и четири простории за третман, најсовремена спортска сала, отворен базен со контролирана температура на водата и луксузни делови наменети за хидротерапија.

Одморалиштето Ананда е ценето и по својата гурманска велнес кујна. Велнес менито, кое се менува секој ден, се заснова на ајурведските принципи и е прилагодено типот на тело на секој гостин, со природни, избалансирани и свежи оброци.

Ананда се наоѓа на имотот во Палатата на Махараја со површина од четириесет хектари и се одликува со беспрекорно уредени градини, седумдесет елегантни соби со панорамски поглед на долината, четири апартмани со приватни градини, историски апартман со приватна тераса и три приватни луксузни вили со приватни базени, опкружени со зеленило.

Гостите на ова одморалиште можат да уживаат во величината на Хималаите доколку изберат авантури на отворено, како што се пешачење, планинарење, рафтинг или возење во џунгла. Посебен акцент на оваа дестинација е ставен во обиколката на античките храмови и манастири кои го опкружуваат Ришикеш, што пружа незаборавно духовно искуство на церемонијата Ганга Арти, која се изведува секоја вечер на бреговите на реката.

Обновете ја и вие вашата енергија посетувајќи ја оваа рајска дестинација.

By Admin