Пред крај на 2021 година е спроведено истражување за приситноста на јавните личности во француските медиуми.

Новак Џокович е на самиот врв кога се во прашање спортистите, во реномираните медиуми неговото име се спомнува 20. 899 пати. Интересно е тоа што во првата десетка на спортисти Џоковвич е единствен кој не е од светот на фудбалот.

Мбапе е убедливо на прво место за него најмногу се се пишувало 66. 638 пати е спомнат, следи Лионел Меси со (44.066), Дидије Дешан (40.488), Нејмар (38.692), Карим Бензема (34.037), Маурисио Покетино(26.941), Антоан Гризман(25.941), Кристијано Роналдо(23.999), Новак Џокович(20.899), и Димитриј Паје(18.438).

Према вкупното рангирање Новак Џокович е на 31 место и е блиску до Путин кој е на 27 и Кристијано Роналдо на 28 позиција.

Првото место го држи Макрон без конкуренција, а интересно е што папата Франциско се најде дури на 33 место. После Џокович се најдоа и Луис Хамилтон е на 35, Пол Погба 39, Зинедин Зидан 43, Илон Маск 45.

“За првото место никогаш немало дилеми. Содржината било да е позитивна, негативна или неутрална, председателот секоја година е најприсутен во француските медиуми(печатен идигитален). Со нешто повеќе од 271.000 напис во кој се спомнува Емануел Макрон доминира” се наведува во истражувањето.

By Author