Едно лице загина, а две се повредени во пукотница во чајџилница во населбата Чаир во Скопје, соопшти МВР.
„Во СВР-Скопје е пријавено пукање со огнено оружје во чајџилница на Ул. Браќа Реџепагиќ во Скопје, при што се повредени три лица“, објавија од МВР.
Престрелката се случила синоќа. ТВ Шења, пренесува дека братот на убиениот наводно бил убиен за време на Рамазан минатата година. Истрагата е во тек.