Денеска (20.01.2022) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиена наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом на Т.Т. (43) во с.Јурумлери, Скопје.

При претресот е пронајдена марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага и дробилка. Т.Т. откако ќе набавел поголема количина кокаин и марихуана, ја препакувал во помали пакувања и ја продавал. Т.Т. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 од КЗ-соопштуваат од МВР.

By Author