На 23.02.2022 полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода Р.М. од Дебар. Тој бил затекнат при обид за кражба од деловен објект во Дебар. При приведувањето се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејства и се обидел да ги нападне со остар предмет. По документирање на случјот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци-соопштуваат од МВР.