На 12.04.2022 во 21.15 часот во с.Зубовце, општина Врапчиште, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Гостивар ги лишиле од слобода М.С.(40), Ј.С.(39) и М.А.(43), сите од с.Калиште, општина Врапчиште. При преглед кај нив и во возилото „фолксваген голф“, со италијански национални ознаки, во кое биле тројцата, биле пронајдени и одземени 14 опаковки кокаин.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок-соопштуваат од МВР.