Денеска (19.11.2022) во 02.10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.У.(25) и М.Б.(25), двајцата од Скопје.
По претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција извршиле контрола во објект за игри на ул.„Аугуст Цесарец“, сопственост на Д.У., каде М.Б. бил вработен. Притоа, биле пронајдени и одземени ранец со марихуана, повеќе ќесички со марихуана, таблета, две дробилки и дигитална вага.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.