Денеска (28.05.2022) околу 11.00 часот на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода Г.К.(34) и Д.М.(32), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени две пакувања кафеава прашкаста материја, апчиња, бела прашкаста материја, марихуана, дигитална вага, дробилка, метадон.
Двете лица се приведени во Полициска станица Кисела Вода и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци-соопштуваат од МВР.