На 10.12.2021 во 22.10 часот пред наплатна станица Демир Капија, на автопатот А1 Неготино- Демир Капија од полициски службеници од полициска станица Неготино и мобилната единица од Скопје е лишен од слобода Ф.Р.(20) од Р.Србија кој управувал товарно моторно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, во кое превезувал 41 мигранти од Куба и Индија, од кои пет малолетници.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.
Соопшти МВР.