На 22.01.2022 во 00.05 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор и граничен премин Богородица на магистралниот пат с.Удово- Дeмир Капија бил приведен Ј.Л. (23) од с. Крушопек, кој во патничко моторно возило „голф“ превезувал девет лица – мигранти, петмина од Сирија и четворица од Индија.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава-соопштуваат од МВР.