Денеска (01.08.2022) во 11.20 часот на улица „Перо Наков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Џ.(21) од Штип. Тој бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Куманово за издржување казна затвор од две години и два месеци за сторени кривични дела по член 235, член 236 и член 383 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за издржување на казната-соопштуваат од МВР.

By Author