На 29.01.2023 во 19.20 часот на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Џ.П.(40) од Прилеп.
Тој бил затекнат при кражба од плац на правно лице во с.Кривогаштани. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.

By Author