На 09.01.2023 во 18.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 26-годишниот гостиварец Ј.И..
Тој се сомничи дека во спортска обложувалница на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар извршил кражба, при што од едно лице одзел личен предмет.
Одземениот предмет бил пронајден и вратен на неговиот сопственик С.С.(56) од Гостивар. По целосно документирање на случајот, против Ј.И. ќе следува соодветен поднесок-соопштуваат од МВР.