На 23.04.2022 во 16.00 часот од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош-Одделение за криминалистички работи Карпош при СВР Скопје бил приведен малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка кражба“ на дрзок начин. Имено, истиот ден околу 15.30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош пријавениот малолетник на оштетената и одзел златен ланец од вратот. Со малолетникот бил извршен службен разговор од полициски службеници од малолетничка деликвенција. Од страна на оштетената пријавениот малолетник бил препознаен како сторител на кривичното дело. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок-соопштуваат од МВР.