На 06.04.2022 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.И.(28) од Скопје. При претрес извршен по наредба добиена од Основен кривичен суд Скопје, во домот кај Ј.И. на подрачјето на Бит Пазар, биле пронајдени кокаин, две дигитални ваги и четири куршуми. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава-соопштуваат од МВР.

By Author