На 13.05.2023 во 15.16 часот во Тетово полициски службеници ги лишиле од слобода Б.Ф.(18) и Б.Х.(23), двајцата од Тетово.
При преглед кај Б.Х. била пронајдена марихуана, а при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.
Двајцата се приведени во полициска станица и по комплетно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.