Експертите советуваат да не го правите тоа бидејќи може да биде многу опасно. Повеќето мајки тоа го прават со цел да го заштитат бебето од радијација и топлина,

Како што се обидуваме да ги затвориме прозорците и вратите во лето за да спречиме топлината да влезе во нашите станови, родителите често се обидуваат да ги заштитат бебињата во колички од сонце и топлина покривајќи ја количката со пелени или покривчиња.

Ако некогаш сте ја покривале количката со тенок материјал како платнена пелена, за да го заштитите бебето од сонце, несвесно сте направиле да му биде уште потопло и со тоа сте го ставиле во опасност.

Според истражувањето на шведските научници, ваквата „ладовина“ всушност создава печка во количка. Поради намалената циркулација на воздухот, температурата брзо расте, а ситуацијата може да се спореди со онаа во жежок автомобил.

Избегнувајте ткаенини за да создадете сенка во количката, наместо тоа користете перфорирани или мрежести материјали за протокот на воздухот да биде непречен. Добра опција можат да бидат и чадори за колички, кои исто така го спречуваат продирањето на УВ зраците, но не и протокот на воздух.

Дека тоа е всушност точно, утврдиле шведските новинари кои направиле лаички тест за да докажат дека топлината во затворена количка е навистина неподнослива.

Тие опремиле идентични колички со по еден термометар и ги ставале на сонце помеѓу 11:30 и 13:00 часот.

На двете колички беше спуштен покривот, а едната беше дополнително покриена со детско прекривче. По час и половина измерената температура во количката без покривач била 22 Целзиусови степени, што е малку повисока од надворешната температура која изнесувала 21 Целзиусов.

Температурата во покриената количка се искачила на неверојатни 34 степени Целзиусови.

Според груба пресметка, температурата во покриената количка се зголемува за повеќе од половина од надворешната температура. Така, доколку стетргнале на прошетале со количката кога надворешната температура била околу 30 Целзиусови степени и ја покривате количката, вашите малечки буквално се „готват“ на околу 45 Целзиусови степени!

Како да заштитите бебе во количка?

1) Прошетка во поладниот дел од денот. Експертите препорачуваат да избегнувате шетање со количка на жештини и да изберете поладен дел од денот. Вие самите ќе имате поголема корист доколку пешачите во тој период од денот кога ќе можете нормално да дишете. А и шетањето со бебе во количка го стега задникот 🙂

2) Проверете дали воздухот циркулира. Ако шетате на топло време со бебе во количка, проверете дали воздухот во количката циркулира и да не се прегрее. Значи, ако веќе ја покривате количката, покријте ја само од едната страна (каде што грее сонцето) за да може воздухот да циркулира од другата страна.

3) Соблечете ги чорапите на бебето и облечете го лесно. Во лето, задолжително соблечете ги чорапите и долгите алишта на вашето бебе за да му биде што помалку топло во количката. На највисоките температури може да биде само во пелена или без пелена со заштитна подлога.

4) Избегнувајте топли материјали. Во лето не само бебето, туку и количката мора да биде опремена со лесни и ладни материјали за детето во количката да се поти што помалку.

5) Не оставајте ја количката на сонце. Дури и ако бебето не е во количка, никогаш не ја оставајте количката на директна сончева светлина, туку под сенка, бидејќи на бебето ќе му биде многу потопло доколку го ставите во прегреана количка, додека пак ќе биде удобно во оладена количка.

6) Застанете само во сенка. Кога шетате со бебе во количка, никогаш не застанувајте на сонце, туку секогаш барајте сенка. Понекогаш се доволни само пет минути на жешкото сонце за да направат на бебето да му биде неподносливо жешко.

By Author