Кина денеска усвои закон со кој на жените им се дава поголема заштита од родова дискриминација и сексуално вознемирување, неколку дена по поднесувањето на предлог законот, пренесува Ројтерс.
Законот доаѓа откако активистите изразија загриженост поради зголемената реторика на владата за вредноста на традиционалните женски улоги и она што некои го гледаат како назадување на правата на жените и порестриктивни ставови кон абортусот, според британската агенција.
Сè уште не е познато до кој степен ќе бидат застапени ваквите поконзервативни ставови во новиот закон, бидејќи деталите од тој правен акт се уште не се објавени, забележува Ројтерс.
Ова е првпат по 30 години да се менува законот за заштита на жените.