Не им правите услуга на децата ако правите се за нив. Напротив.
Кога родителот ќе помисли: „Толку го сакам своето дете што нема да дозволам да страда и ќе направам се за него“, на таквиот родител не му е грижа за своето дете, смета контроверзниот канадски психолог Џордан Петерсон.
„Постои едно правило до кое се обидував да се придржувам кога моите деца беа мали, а тоа е: не правете го за детето она што тој самиот може да го направи. Тоа правило инаку е навистина замарање, затоа што ни се потребни 15 секунди за да облечеме 2-годишно дете, но ако дозволите 2-годишно дете да се облече само…тоа се протега до 15 минути или половина час, бркајќи го по дома…хаос. ! Но, ако им дозволите да научат сами да се облекуваат, не мора повеќе да ги облекувате. Тие учат сами да го прават тоа! Истото го правите и со поставувањето на масата, со сето она што го проценувате дека децата можат сами да направат“, истакнува овој психолог.
Тој продолжува:
„За детето е подобро родителот да го усвои ставот: ќе престанам да правам што повеќе работи за вас, што е можно поскоро. Истиот принцип важи и во домовите за стари лица – не правете ништо за старите што се способни сами да го направат, затоа што им го ускратувате чувството на независност, сила, смисла. Така е и во деловниот свет – ако си добар менаџер, ќе се направите да бидете вишок; ќе им дадете на другите автономија да ја вршат својата работа, нема да го правите тоа наместо нив“, вели Петерсон.
Ако мислите дека ги заштитувате децата со тоа што преземате се на себе, знајте дека не можеме никого да заштитиме, нагласува тој.
„Ние можеме само да ги зајакнеме луѓето и тоа е тоа. Не можеш да ги заштитиш, зајакнете ги, а потоа тие ќе се заштитат себеси. Но, тогаш не им требаш! Така е, и тоа е потсвесен патолошки елемент на некои родители. Изгледа велат – никогаш не оставај ме, јас ќе направам се за тебе, а ти едноставно никогаш не ме оставај. Затоа што тогаш детето не учи ништо за животот, дури ни како да го напушти родителското гнездо“, заклучува Џордан Петерсон, додавајќи дека, секако, тука не спаѓаат бебињата, бидејќи за „бебињата треба да се згрижени сто проценти“, што го прави мајката.
Но, децата и возрасните не се доенчиња. Кога ги третирате така, ги уништувате, заклучува овој клинички психолог и професор по психологија на Универзитетот во Торонто.
Инаку, Петерсон има две деца, син и ќерка. Синот Џулијан Петерсон е музичар и претприемач. Тој ја дизајнираше апликацијата Essey која им помага на корисниците да пишуваат есеи. Ќерката Михаила Петерсон е сопственик на продукциска куќа и автор на популарен подкаст.