Киршнер беше претседател во два мандата меѓу 2007 и 2015 година и сè уште има поддршка од бројни поддржувачи.
Потпретседателката на Аргентина Кристина Фернандез де Киршнер вчера беше осудена на шест години затвор и доживотна забрана за вршење јавна функција поради проневера на околу една милијарда долари преку проекти за јавни работи за време на нејзиното претседателствување.
Ова е првпат потпретседател на Аргентина да биде осуден додека бил на функцијата, пишува Би-Би-Си.
Нејзините поддржувачи ветија дека ќе ја парализираат земјата доколку таа биде осудена. Тие излегоа на улиците на Буенос Аирес во голем број и маршираа кон зградата на федералниот суд, удирајќи во тапани и извикувајќи слогани додека ги притискале полициските бариери.
Таа е вмешана во скандал поврзан со корупција при доделување јавни работи, што таа остро го демантираше, нарекувајќи го судот „стрелачки вод“.
Нејзините адвокати истакнаа дека таа има привилегии како потпретседател и е една од функционерите „за чија смена е потребно политичко судење“.
Се очекува таа да поднесе жалба на пресудата.