Индексот на доларот, кој ја мери зелената валута во однос на шесте главни валути, достигна ново високо ниво во последните две децении

Еврото падна под 0,99 долари за прв пат по 20 години, откако Русија рече дека ќе го затвори својот главен гасовод кон Европа „на неодредено време“.

Заедничката валута на ЕУ се тргуваше околу 0,9911 наспроти доларот до 10:00 часот по лондонско време (5:00 часот по средноевропско време), откако ѓи допре најниските нивоа од 0,9881 долари, достигнати претходно во текот на денот.
Во петокот, рускиот енергетски снабдувач Газпром објави дека нема да продолжи со снабдувањето со природен гас за Европа преку клучниот гасовод Северен тек 1 поради неисправна турбина.

Еврото се движеше под нивото од 0,99 кога европските пазари се отворија денеска, 5 септември, тргувајќи се по 0,9893 во однос на американскиот долар веднаш по 8 часот по лондонско време.

Претходно утрото единствената валута достигна најниско ниво од околу 0,9881 долари.

Најавата дојде неколку часа откако Групата седум економски сили се согласи на план за ограничување на цената на руската нафта. Веста, инаку, доаѓа пред состанокот на Европската централна банка во четврток, кога економистите очекуваат таа да ја зголеми референтната каматна стапка на депозитите од 0 на 0,75 отсто.

– Очекуваме Русија да ги почитува договорите што ги има, но дури и ако енергијата продолжи да ја користи како одговор на нашите одлуки, мислам дека Европската унија е подготвена да реагира – изјави Паоло Џентилони, европскиот комесар за економија, пишува CNBC. .

By Author