Познатиот фудбалски менаџер Мино Рајола почина во саботата на 55-годишна возраст, потврди неговото семејство преку официјално соопштение на социјалните мрежи.

Агентотсо италијанско потекло претходните денови бил во болница поради проблеми со белите дробови. Тој беше примен во критична состојба и цело време се бореше за живот.

Во четвртокот се појавија информации дека тој починал, но неколку часа подоцна стигна демант. Сепак, најмоќниот фудбалски менаџер на крајот не ја доби битката на својот живот. Два дена подоцна семејството ја објави тажната вест.

“Во неизмерна тага ја споделуваме веста за смртта на најголемиот фудбалски агент што некогаш постоел. Мино се бореше до крај со истата сила што ја вложи на преговарачката маса за да ги одбрани своите играчи. Како и обично, Мино не направи горди и никогаш не го сфати тоа.„Тој со својата работа допре многу животи и напиша поглавје во историјата на модерниот фудбал. Ќе ни недостасува засекогаш“, пишуваат од семејството Рајола.

„Им благодариме на сите за големиот придонес и поддршката во овие тешки моменти и бараме почитување на приватноста на семејството и пријателите во моментот на тага“, се додава во официјалното соопштение на социјалните мрежи.

By Author