Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 09.04.2023 (недела), со почеток во 10.00 часот поради одржување на улична трка на три километри насловена како “Женска трка 2023“ во организација на Сојуз на спортови на Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Трката ќе се одвива по следната траса – од бул.„Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) до крстосницата со бул.„8 Септември“ каде се врти полукружно назад по бул.“Илинден“ до целта кај фонтана Лотус-соопштуваат од МВР.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.