Еднa кокошка е „уапсенa“ откако се шеталa и колвалa во заштитениот простор на Пентагон, една од најзаштитените згради во светот, соопшти денеска организацијата за права на животните.
Вработените во Лигата за благосостојба на животните во Арлингтон беа поканети да ја земат живината во понеделник и да ја вратат во кокошарникот.
За обидот за „инвазија на кокошката“ во Пентагон пишуваше и Military Times.
Весникот на шега праша дали кокошката едноставно се изгубила во обид да ја премине улицата или всушност е шпион во мисија да украде некои државни тајни.
Корисниците на Интернет предложија кокошката да се вика Етел Розенберг, позната Американка уапсена и егзекутирана за шпионирање за Советскиот Сојуз во 1950-тите.