Екипа на територијалната против пожарна единца од Битола во моментов гасне пожар во фабриката “Жито битола”
-Пожарот беше пријавен во 17 и45 и веднаш интервениравме.Нашите пожарникари се на терен и се гасне пожарот кој според првичните информации е во близина на силосите и е во насока кон индустрискиот дел, односно поранешно Фринко , изјавија од Територијалната против пожарна единица во Битола.
Градоначалникот на Битола пристигна веднаш на местото и воспостави дополнителни контакти со цел побрзо локализирање на пожарот.
Коњановски информираше дека на терен се девет возила и 27 пожарникари од противпожарната единица, а од негова страна епобарана помош и од РЕК БИтола од каде пристигна дополнителна цистерна.
Градоначалникот воспостави контакт и со директорот на ЦУК и Министерот за внатрешни работи, со цел преземање на сите потребни мерки и спречување на понатамошно ширење на пожарот.
ОД МВР соопштуваат дека засега нема пријава за повредени лица
За причините и последиците ќе биде спроведена истрага.