Разорниот пожар кој го зафати облакодерот кој се наоѓа во непосредна близина на највисоката зграда во светот Бурџ Калифа во Дубаи, за среќа е изгаснат. Но, елементот огнот практично ја „изеде“ оваа огромна зграда и од делот каде гореше огнот остана само пепел и чад.
Пожарот избувнал ноќта меѓу неделата и понеделникот околу 02:20 часот.
Се уште не се знае дали има повредени, ниту дали во тој дел од зградата во моментот имало луѓе.
Откако пожарот бил изгаснат до зори, надворешната фасада на зградата била покриена со траги од црн јаглен.