Доколку преферирате пржена риба, наместо печена, сигурно е дека овие трикови ќе ви помогнат

Пред нас се Божиќните празници и стандардната посна трпеза. Многу домаќинки веќе набавиле риба.

Доколку сте љубители на пржена риба, а веќе имате подготвен рецепт за деновите што претстојат, еден трик ќе ви помогне да ја направите уште покрцкава, подеднакво вкусна, но да не впие ни капка масло.

Тоа е состојка со која ќе го замените брашното, а која повеќето ја имаат во кујната – густин. Густинот или пченкарниот скроб ќе направат заштитна обвивка околу рибата, па таа ќе биде исклучително крцкава.

Дополнителен трик кој ќе ви обезбеди совршена крцкавост се крие во видот на брашното. Наместо бело брашно, користете пченкарно брашно, а за дополнителна крцкавост измешајте малку палента и резултатот ќе ве воодушеви. Сите состојки измешајте ги со пиперот и сувиот зачин, додајте малку лук во прав, а ако сакате егзотични вкусови, слаткото кари одлично ќе се вклопи.

После пржењето рибата ставете ја на крпа. Многу е важно да не ја покривате рибата, како би ја сочувале топла,затоа што така ќе омекне и ќе ја изгуби крцкавоста.

By Author