Со голем успех заврши најпредизвикувачката потрага во светот по потонатиот брод Ендуранс на Сер Ернерст Шеклтон, кој 106 години се губеше во ледените води на Антарктикот. Видеото од бродоломот го обиколи светот, а може да се види дека пловилото е во добра состојба.

Потонатиот брод е пронајден на длабочина од околу 3.000 метри, во оние води кои Шеклтон ги опиша како „дел од најлошото море на светот“. Бродот бил откриен во саботата, на 100-годишнината од погребот на Шеклтон, објави Фондот за поморско наследство на Фолкланд, пренесува Градиан.

Експедицијата Endurance 22 го напушти Кејп Таун пред еден месец, а потрагата по бродоломот ја водеше д-р Џон Ширс, ветеран географ.

„Влеговме во поларната историја со откритието на Ендуранс и успешно ја изведовме најпредизвикувачката потрага по потонатиот брод во светот“, рече тој.

Тој истакна дека се надева оти луѓето ќе се инспирираат од „што можат да постигнат човечките суштества и пречките што можат да ги надминат кога работат заедно“.

Бродот го скршил морскиот мраз, а потоа потонал во 1915 година, принудувајќи ги Шеклтон и неговите луѓе да изведат неверојатно бегство со мали чамци.

Видеото од бродоломот покажува дека Ендјуранс е во исклучително добра состојба. Иако е под површината на водата повеќе од еден век, изгледа исто како на денот кога потона. Нејзиното дрво е сè уште во добра состојба, а на крмата јасно се гледа името Endurans.

Повеќе од две недели, подморниците чешлаа однапред дефинирана област за пребарување, истражувајќи интересни цели, пред да го откријат потонатиот брод во саботата, јавува Би-Би-Си.

Самиот потонат брод е прогласен за споменик според Меѓународниот договор за Антарктикот и не смее да се допира на никаков начин. Затоа, ниту еден артефакт не беше изнесен на површина.

By Author