Голем број луѓе се собраа во близина на Кремљ за да му оддадат почит на последниот советски лидер Михаил Горбачов.
Голем број почитувачи на ликот и делото на Горбачов стојат во ред за да му оддадат почит на починатиот лидер.
Прошталната церемонија ќе биде проследена со затворен погреб на гробиштата Новодевичи.
Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов, кој иницираше драстични реформи, придонесе за крајот на Студената војна и го забрза распадот на Советскиот Сојуз, денеска ќе биде погребан на релативно скромна церемонија без присуство на рускиот претседател Владимир Путин.
Одбивањето на Кремљ да прогласи државен погреб ја одразува нелагодноста околу наследството на Горбачов, кој е поздравен ширум светот за уривањето на железната завеса, но во Русија многумина го обвинуваат за распадот на Советскиот Сојуз и последиците од економските тешкотии при што паднаа милиони луѓе во сиромаштија.