Земјотресот е регистриран во 5 часот и 18 минути
Силен земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја потресе Турција.
Земјотресот е регистриран во источниот дел на земјата во 5 часот и 18 минути. Епицентарот на земјотресот бил на 43 километри од Адијаман, кој настрада многу во разорните земјотреси што ја погодија земјата на 6 февруари.

Да потсетиме, повеќе од 41.000 луѓе загинаа во разорните земјотреси во Турција и Сирија.

Спасувачките екипи се на терен веќе 11 дена и деноноќно ги пребаруваат урнатините.

By Author