Марин (37), која беше најмладата премиерка во светот кога ја презеде функцијата во 2019 година, го призна поразот на изборите во неделата во Финска.
Премиерката на Финска во заминување, Сана Марин, вчера соопшти дека се повлекува од функцијата лидер на Социјалдемократската партија и дека својата политичка кариера ќе ја продолжи како пратеник во новоизбраниот парламент.
„Ќе почнам да работам како член на парламентот следната недела и се надевам дека тоа ќе ми овозможи помирен живот“, рече Марин на прес-конференција, додавајќи дека нема да се кандидира за претседател, пренесува Ројтерс.
Поранешната премиерка на Финска изјавила и дека не добила понуди за работа во меѓународни организации.
Социјалдемократска партија на Марин го освои само третото место со 19,9 отсто од гласовите и 43 пратенички места.