На 19.09.2022, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација и соработка со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и СВР Куманово во пределот на село Винце, кумановско, открија место со насад со растението канабис сатива.По насоки од Јавен обвинител од ОЈО Куманово растенијата биле подигнати за понатамошна постапка. Додека, по преземени мерки и активности, денеска (20.09.2022) полициски службеници од СВР Куманово утврдиле дека П.С.(44) од с.Винце го сторил кривичното дело, односно вршел садење и одгледување на насадот со марихуана.
Тој бил лишен од слобода и по целосно документирање и расчистување на случајот, СВР Куманово во координација со ОЈО Куманово ќе поднесе кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик-соопштуваат од МВР.