На 14.09.2023 во Полициската станица Чаир бил повикан А.Х.(51) од Скопје. Тој се сомничи дека на 12.09.2023 во Шуто Оризари извршил кражба, при што од отклучено возило, сопственост на Р.И.(33) од Скопје, одзел чанта со мобилен телефон.

Во службен разговор тој го признал делото, а одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.

By Author