По хуманитарната помош од 1.000.000 денари од бензиските Гулф која ја доби хуманата фамилија Белчовски чија ќерка Верица спаси животи на повеќе луѓе се огласија и од општината Берово.
Остварена е средба помеѓу фамилијата на трагично починатата Верица и градоначалникот на Берово.
-Во рамките на надлежностите подготвени сме институционално да помогнеме на семејството кое го направи најголемиот можен чин во хуманоста, покжувајќи колку човек во одредени тешки моменти може да биде голем. Исто така ќе помогнеме и на повисоко институционално ниво, да ја добијат потребната поддршка, информираше Пекевски.
Заради тешката финансиска состојба, во која семејството се наоѓа, како што додадоа отворени се донаторски сметки, за секој кој сака да донира во рамките на своите можности.