Пејачката Шинејд О’Конор беше пренесена во болница неколку дена по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн. Шинејд тешко се справува со смртта на детето, а само поради него сакаше да живее, напиша пејачката на Твитер.

По смртта на нејзиниот син, таа објавила низа вознемирувачки статуси по кои полицијата ја однела во болница.

“Решив да го следам мојот син. Нема смисла да живеам без него. Уништувам се што ќе допрам. Живеев само за него, а сега го нема. Го уништив семејството. Моите деца не сакаат да ме гледаат,јас сум ус..на личност. А сите мислите дека сум добра затоа што знам да пеам. Не сум“, напиша Шајнид.

Таа набрзо се извини за нејзините зборови.

Извинете, не требаше да го кажам тоа.Сега сум на пат кон болница со полиција.Извинете што ве вознемирив сите. Изгубена сум без моето дете и се мразам себеси.Болницата ќе ми помогне некое време. Но, ќе го најдам Шејн, ова е само кратко одложување“, порача неутешната пејачка на Твитер по неколку часа.

Таа ги замоли и сите нејзини придружници, но и луѓе со добра волја да се молат за душата на нејзиниот син и истакна дека моментално живее во пеколот.

„Ужасен ден од пеколот. Доколку имате излишни молитви, ве молиме една од нив посветете му на мојот син Шејн, светлината на мојот живот“, рече таа.

Пејачката веќе побарала помош од својот придружник поради ситуацијата со нејзиниот син кој пред три години побегнал од дома. Два дена не се појавил дома, но потоа 14-годишното момче било брзо пронајдено, тој бил безбеден и здрав.

Шинејд е мајка на четири деца, откако го прифатила исламот го добила името Шухад Садакват, а веќе извесно време имала проблеми со ментална болест. Нејзиниот живот не ја галеше, а во 2017 година призна дека била жртва на семејно насилство, дека мајка и ја малтретирала и дека и тогаш размислувала за самоубиство.

“Таа имаше комора за мачење и беше личност која уживаше да ги повредува другите. Морав да продолжам да кажувам дека сум безвредна и дека сум никој, ако одбијам да го кажам тоа, тогаш таа ќе ме тепаше”, потресно е сведочењето на пеачката.

Таа побегнала од мајка си кога имала 13 години, а шест години подоцна мајка и загинала во сообраќајна несреќа. Во интервјуто пејачката изјавила дека се согласила на интервјуто бидејќи сака на сите да им каже дека не е луда туку дека е жртва на семејно насилство.

By Author