Принцот Хари и Меган Маркл со насмевка прошетале по црвениот тепих на свеченоста во очи на Денот на ветераните во музејот Интредип во Њујорк. Меган изгледала одлично во огнено црвен фустан со длабоко деколте.

Војводата и војвотката од Сасекс присуствувале синоќа на гламурозната гала прослава во Њујорк.

Стсјлингот на Меган го запира здивот, фантастичниот црвен фустан од Каролина Херера со длабоко деколте и шлиц до бутот е надополнет со штикли со потпис на Џусепе Заноти кои што имале копче украсено со кристали.Таа стајлингот додатно го зачинила со обетки од Максим Битка и златна Cartier Love белегзија.

Меган и одала почест на принцезата Дијана носејќи ја дијамантската Cartier белегзија која што своевремено ја носела и лејди Ди.
Херера скицата од смелиот црвен фустанја споделила на Инстаграм и објаснила дека е дизајнирана како дел од колекцијата есен 2022 од страна на креативниот директор Вез Гордон.

Хари во црн костим, со КЦВО(витез командант на Кралскиот викторијански ред) орден околу вратот о ѕвезда на лептир машината. Тоа е медал кој кралицата го доделува во знак на признание за посебна лична служба на монархијата.

На црвениот тепих Меган била запрашана дали е горда на својот сопруг а нејзиниот одговор: “секогаш горда на него”.

Хари, кој десет години служеше во британската војска им ѓи поделил медалите за Награда за бестрашна храброст на петмина војници, ветерани и војни фамилии кои што живеат со “(невидливите рани од војната”.

By Author