Нивната врска е силна, најмногу се сакаат и ги надминуваат сите можни препреки
Станува збор за Бик и Скорпија.
Овие два знака, кога ќе се најдат, се целосно маѓепсани еден од друг. Нивната страст и хемија се совршена комбинација за ѕвездите. Скорпијата обожава што Бикот е некој кого нема лесно да го добие и тоа е дозата на предизвик што таа го сака.
Бикот ужива во физичкиот контакт и се труди да постигне емоционална сигурност, а Скорпијата зрачи со привлечност и очекува многу страст во љубовта, која Бикот ја обожава.
Стабилен и конзервативен, Бикот е меѓу најсигурните знаци на Зодијакот. Од друга страна, Скорпијата е одличен лидер и личноста родена во овој знак е секогаш свесна за ситуацијата, се истакнува и по снаодливост.