Всушност постојат два трикови кои ќе ви помогнат, но основата е иста.
Ако бришачите се замрзнати, има работи што возачите не треба да ги прават во такви случаи. Пред се поради својата безбедност да не возат со замрзнати (неисчистени) стакла, а може да бидат и казнети. Според информациите на германскиот ADAC, дури и гребењето на мразот додека работи моторот понекогаш не е многу корисно за „заглавените“ бришачи.
Понекогаш комбинацијата од течност за бришачите на шофершајбната и вклучувањето на бришачите може да биде прва помош, но четкичките на бришачите може значително да се оштетат, па дури и да се скршат бришачите поради нагло движење. И тогаш што да правите без да изгубите 20 минути наутро? Постојат два трикови кои ќе ви помогнат.
Оцетот е вистински чудотворен лек за замрзнатите шофершајбни и бришачи.
Возачите можат да користат мешавина од вода и оцет (3 према1) како класичен спреј за одмрзнување наутро или да ја испрскаат шофершајбната претходната вечер. Тогаш ќе се формира неспоредливо помалку мраз или воопшто нема да има наутро. Секако, возачите можат да користат и класични одмрзнувачи и спрејови.
Никогаш не користете топла вода за одмрзнување на шофершајбните и бришачите – во најлош случај ќе го скрши стаклото…И тогаш веќе не ви требаат ни бришачи.